Директорот на ЈКП Пазари си даде оставка – Седница на Совет на Оптшина Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Диркторот на ЈКП Пазари – Прилеп си даде оставка од функцијата менаџер на ова јавно комунално , претпријатие, а денеска на дневен ред на Совет на Оптшина Прилеп беше предлог- одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ова јавно претпријатие, за 2025 година.

Седницата започна со барање на советничката група на опозицијата да се надополни дневниот ред со точка за инфорамција за финансиската состојба на јавните претпријатиа од Општина Прилеп, што со мнозинството гласови не бше усвоена.

Кога ќе дискутираме по ова прашање ако не денеска? Кога ќе завшри мандадот? А, потрошивте 100 илијади евра за нула проекти и ги доведовте овие јавни претпријатија да бидат со вакви загуби “ се обрати од говорницата, советникот Александар Китаноски, посочувајќи ги сумите на загуби на секоје јавно комунално претпријатије и критикувајќи го работењето на секоја јавно претпријатие, поединечно.

Првата точка од дневниот ред , извештај на Буџетот на Општина Прилеп за периодот од 01.012 2025 година до 31 март 2025 година веднаш наиде на низа дискусии и дебати  во кои советниците „опозиционери“ ја критикуваа власта за нереализирани проекти, а образложение за реализацијата и планирањето дадваше раководителот за финасии на ЛС на Општина Прилеп и координаторот на советничкат  група на ВМРО ДМПНЕ.

Советниците дадоа согласност за годишниот план за измена и дополнување за вработување за 2025 година на ЕЛС на Општина Прилеп, а дадоа согласност и за годишните планови за  вработување во 2026 година во : ООМУ „Ордан Михајлоски-Оцка“ Прилеп,  СОУ „Орде Чопела“-Прилеп, ООУ „Рампо Левката“-Прилеп, ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, СОУ “Орде Чопела“, ООУ „Круме Волнароски“ с.Тополчани-Прилеп и  ООУ „Страшо Пинџур“с. Мало Коњари-Прилеп.  Советниците го прифатија  финансискиот план за новоотворена сметка за проектот Еразмус+ на ООУ „Блаже Конески“-Прилеп, прифатија именување на претставник на Општина Прилеп во Училишниот одбор на ова училиште и дадоа позитивно мислење на Статутот на ООУ “Рампо Левката” – Прилеп.

Со мнозинство гласови беше усвоен и поднесениот тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈОУ Дом за стари лица ,,Киро Крстески-Платник’’- Прилеп ( 01.01.2025 година до 31.03.2025 година) а беа именувани и нови членови на надзорниот орган на оваа институција, а едногласно беше прифатен и годишниот и финансискиот извештај за работа на ЈОУ Градска библиотека “Борка Талески“- Прилеп.

Со воздржување на дел од гласовите беше прифатена одлуката за кофинансирање на проектот “Подобрување на противпожарната заштита во пелагонискиот региони при набавка на противпожарни возила за ТППЕ- Прилеп, програмите за измена и дополнување на програмата за уредување на градежно земјиштето на подрачјето на Општина Прилеп за 2025 година и програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Прилеп за 2025 година.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...