Прилепската болница доби донација од амбулантно возило за потребите на ромската заедница во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Амбулантно возило за олеснување на пристапот до основните здравствени услуги на ромската заедница во Прилеп денеска беше донирано во Општата болница.  Возилото е донација од невладините „Целим“ од Милано, Ромскиот ресурсен центар од Скопје и „Рома Перспектив“ од Прилеп, а финансирано од Европската Унија. Целта е преку мобилната клиника да се овозможат основни прегледи за околу 5 илјади Роми кои живеат во Прилеп, а најголемиот дел немаат основни услови за обезбедување на здравствена заштита.

– Она што е специфично е дека ова возило не е само транспортно, туку е и мобилна клиника. Со Општината и со болницата договоривме план со кој ќе се овозможуваат основни здравствени прегледи во ромската заедница, најмалку двапати месечно. Тимот од болницата ќе оди редовно да ги спроведува основните здравствени прегледи, а возилото е опремено за тоа, изјави Себитан Демировски, генерален менаџер на Ромски ресурсен центар од Скопје.

Прилепската болница има потреба од амбулантни возила и донацијата е добредојдена, посочи Кире Јоноски директор на прилепската општа болница.

-Во договор со невладината организација ќе направиме скрининг, испитувања на социјално загрозените пациенти. Проектот започна уште минатата година. Поради недостигот а и застареност на амбулантните возила, секако дека возилото е добредојдено. Возилото е целосно опремено со дефибрилатор, ЕКГ- скрининг, за кислородна поддршка и многу ќе помогне, рече Јоноски.

Општина Прилеп останува посветена на создавање инклузивна општествена средина, во која секој граѓанин, без разлика на етничката припадност, има пристап до квалитетни услови за живот, образование, здравствена заштита и економски развој, посочи градоначалникот Борче Јовчески при примопредавањето на возилото.

– Во оваа прилика, сакам да им се заблагодарам на Европската Унија, на партнерските организации и на сите институции кои несебично придонесуваат во реализацијата на овој значаен проект, рече Јовчески.

Донацијата на возилото е една од активностите во рамки на проектот за обезбедување подобри услови за живеење на ромската заедница во Прилеп, што се имплементира три и пол години. Возилото ќе биде своевидна мобилна клиника и во ромската заедница ќе има основни прегледи најмалку двапати месечно.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Стеванче Јорданоски избран за претседател на Национална федерација на фармери

Управниот одбор на Националната федерација на фармери (НФФ), на изборната седница на Генералното собрание на здружението, за нов претседател на НФФ го избра Стеванче Јорданоски, долгогодишен член на организацијата и земјоделец од прилепското село Мажучиште. Јорданоски  е земјоделец кој се занимава со производство на пченица, тутун, градинарски култури и одгледување...

Горивата поскапуваат

Од полноќ на малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 2,40%, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Според одлуката, цената на бензините и дизелот се зголемуваат за 2,00 денари по литар, додека цена на маслото за горење се зголемува за 1,50 денари по литар. Цената на Мазутот,...

За оние кои патуваат – Авиокомпанијата Визер ја враќа редовната авиолинија до Барселона, и директна авиолинија до Лион – Франција,

На релацијата Барселона Скопје ќе има летови двапати неделно, во ворник и сабота, а до Лион трипати, во вторник, четврток и в сабота. Првиот лет од Скопје за Барселона ќе се реализира в сабота во 18.50 часот, а двајца патници ќе добијат бесплатни авиобилети преку избор на социјалните мрежи. Меѓународниот...