Регионална конференција во Охрид за зелени урбани транспортни решенија и одржлива мобилност

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Охрид, на 24 и 25 април 2025 година, се одржа регионалната конференција „Зелени урбани транспортни решенија“, која обедини над 130 учесници од Западен Балкан и Европската Унија, меѓу кои носители на одлуки од национални и локални институции, парламентарци, универзитетски професори, граѓански организации и регионални експерти. Во фокусот на конференцијата беа клучните предизвици поврзани со еколошкото влијание на транспортот, интегрираното планирање, финансирањето на урбаниот транспорт, транзицијата кон автобуси со нулта емисија, платформите за чисти автобуси, како и потребата од усвојување и примена на национални и локални планови за одржлива урбана мобилност (SUMP и NUMP), заедно со предлогот за донесување Закон за интегриран транспорт.

Конференцијата се организира во соработка со Транспортната заедница, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ), Општина Охрид, Техничкиот Факултет во Битола, CIVINET – SLO- CRO и бројни регионални партнери и академски институции.

Преку низа панел-дискусии, интерактивни работилници, теренски посети и тематски презентации, беа обработени теми како електромобилноста, автобуси со нула емисии, финансирањето на нискојаглеродни решенија, развојот на планови за транспорт без бариери, регионалната поврзаност и логистичките стратегии за намалување на емисиите на CO₂. Посебен акцент беше ставен на политичката волја како предуслов за спроведување на стратегиите, но и на потребата од вклучување на граѓаните и обезбедување финансиски механизми достапни и за помалите општини. Конференцијата ја потврди потребата од координирана транзиција кон климатски одржлив и социјално инклузивен транспортен систем во регионот, при што институциите, академијата, граѓанските актери и меѓународните партнери имаат клучна заедничка улога.

Од институционален и правен аспект, од клучно значење е властите од регионот да започнат со изработка на Национални планови за одржлива урбана мобилност, да ја транспонираат Директивата за чисти возила и Регулативата за инфраструктура за алтернативни горива, понатаму да се воведе Закон за интегриран транспорт, како и да се направат измени во постојните закони за локална самоуправа со цел нивно усогласување со целите на одржливата мобилност.

Дополнително, неопходно е воспоставување на структура на управување на повеќе нивоа, која ќе овозможи координација меѓу сите нивоа на власт и ефикасна меѓуресорска соработка помеѓу клучните сектори – транспорт, просторно планирање и животна средина.

Со спроведување на овие мерки, регионот ќе добие квалитетни системи на мобилност кои ќе им служат на граѓаните – а не обратно. Одржливиот транспорт претставува прашање на доверба и заедничка одговорност.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Технички преглед АВТО КОНТРОЛ – Превентивна акција за зимска опрема на Плетвар

Од денеска,15 ноември, започнува законската обврска за задолжителна зимска опрема за сите возила. По тој повод, Авто Контрол во соработка со РСБСП и МВР  спроведува превентивна активност со цел зголемување на свесноста за безбедно учество во сообраќајот: „Проверка која трае само неколку минути може да направи огромна разлика во вашата...

(ВИДЕО)Сестрата му вперила пушка во главата на братoт, полицијата го приведе родителот

По објавената снимка на сооцијалните мрежи на која се гледа како 15-годишно девојче вперува ловечка пушка во главата на 11-годишниот брат, интервенираше Полицијата интервенираше во крушевското село Јакреново. Од МВР известуваат дека од родителот било одземено огненото оружје и дозволата за негово поседување.

(ВИДЕО-ФОТО)Проданоски: Не може Комуналец да има 69 илјади вработени за да чистат по секој жител на општината

На 20тина локации во градот и во околината денеска Прилеп во голема еколошка акција за почиста и здрава животна средина. Над илјада граѓани доброволно вклучени на терен во организација на Општина Прилеп и ЈКП Комуналец. – Во догледно време каде што се чисти треба да никнат и паркови. Тоа е...