(ВИДЕО) ТИРЗ Прилеп: проширување на постоечките и најава за нови странски инвестиции

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Технолошко индустриската развојна зона Прилеп во која моментално работат три компании, ќе добие нови инвеститори, а има најави и за проширување на капацитетите од веќе постоечките Гентерм, ВИК и Инџекшн Молдинг. Ова беше заклучокот од денешната посета на директорот на ТИРЗ-зоните во Македонија Гоце Димовски, заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и градоначалникот Борче Јовчески.

-Како Влада настојуваме да најдеме решение за секоја компанија која работи во ТИРЗ-зоните да ја зголемат ефикасноста. Овде компаниите во прилепската ТИРЗ зона наскоро, најверојатно ќе ги обноват идните планови за отворање нови работни места и поголем извоз од зоните. Има заинтересирани компании кои сакаат да инвестираат во наредниот период, да отворат нови производствени единици, што ќе значи нови работни места и поголем извоз. И нема најава дека компаниите ќе ги намалуваат бројот на вработените или работењето. Напротив, во наредниот период компаниите ќе ги објават плановите за нови инвестиции, рече директорот на ТИРЗ Димовски.

Во  компаниите на ТИРЗ Прилеп вработени се над 3000 работници. Градот изминативе години има директни бенефити од постоечките компании, а дополнително изградбата на автопатот Прилеп – Битола создава реални можности за забрзан развој на регионот и привлекување на нови вложувања од странство или од домашните инвеститори.

-Имаме директни вработувања, а индиректниот бенефит за локалната и македонската економија е многу поголем, зашто многу повеќе од 3000 вработени егзистираат од зоната и отвораат можности за нови инвестирања, рече Марјан Ристески, заменик-министер за економија.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Регионална конференција во Охрид за зелени урбани транспортни решенија и одржлива мобилност

Во Охрид, на 24 и 25 април 2025 година, се одржа регионалната конференција „Зелени урбани транспортни решенија“, која обедини над 130 учесници од Западен Балкан и Европската Унија, меѓу кои носители на одлуки од национални и локални институции, парламентарци, универзитетски професори, граѓански организации и регионални експерти. Во фокусот на конференцијата...

(ВИДЕО) Стојковиќ : Оптимистички гледаме како ново раководство на иднината на ФК Победа

Од вчера стартувапе фудбалската ренесанса за прилепска Победа.Нови луѓе , ново раководство нова фудбалска иднина за брендот на земјава.Жена ќе ја предводи Победа , да се надеваме до нови успеси и враќање на фудбалскиот статус кој го заслужува овој клуб.Имено, формиран е нов Управен одбор на клубот од 8 члена....

Исплатени субвенциите за предаден тутун

На сметките на 14 502 тутунопроизводители денеска легнаа субвенциите за предаден ориентален тутун од ланската реколта. Исплатата изнесува 40 милиони евра или по 100 денари за килограм предаден тутун од реколта 2024 та г.