(ВИДЕО)Ристески: На светските берзи многу се бара македонскиот тутун

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Македонскиот ориентален тутун е баран на светскиот пазар. Пред се пресуден е квалитетот, вековната традиција за производство на оваа индустриска култура кај нас, кој што е препознатлив и баран кај компаниите за производство на цигари. На светските берзи има недостиг од 20 милиони кгр, бидејќи побарувачката ја надминува понудата. Македонија после Турција е втора по производство.

– Македонскиот тутун многу се бара на светската берза бидејќи во моментов сме втора земја во светот по производство на ароматичен тутун, веднаш после Турција. Има недостиг, потребите за ароматичен тутун се некаде околу 120 милиони, а се испорачуваат околу 100 милиони. Мислам дека сеуште ќе се бара како производ и да ни биде економски исплатлив да го работиме, рече Кире Ристески од Сојузот на тутунски здруженија.

За да се движи по нагорна линија продукцијата на ориентален ароматичен тутун пресудни се цените. Поради тоа се очекува претстојната реколта да тежи повеќе. Според склучените договори би требало да има пораст од околу 7 до 10 % споредбено со ланската реколта.

– Од неофицијални податоци во моментов, склучени се околу 30 илјади договори со очекуван принос од 27 милиони кгр и површината е зголемена на 14 илјади хектари. Ова се должи што годинава тутунот се плати по доволно висока цена, поради задоволството и финансискиот бенефит што го видоа тутунарите, се зголемија и површините и договорите, посочи Ристески.   

Априлските ниски температури и мразот предизвикаа незначителни штети кај тутунското расадопроизводство во прилепско. Ова пред се’ се должи на навремената реакција на земјоделците за заштита на тутунскиот расад.  бидејќи нашите тутунопроизводители се добро едуцирани вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Инаку, неодамна македонските претставници на тутунопроизводителите учествуваа на меѓународен собир во рамките на организацијата Унитаб. До крајот на годината е планирана уште една конференција на која Сојузот ќе стане полноправна членка со што  Македонската асоција ќе стане респектабилен претставник на тутунопроизводителите на меѓународно ниво за да ги застапува интересите на тутунопроизводителите.

– На наредниот состанок во октомври во Неапол, Италија, ќе бидеме полноправни членки на Унитаб. На таков начин ќе можеме да придонесеме за да го задржиме производството на тутун, а со тоа и фирмите што го купуваат, вели Ристески.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...