Граѓаните сами да се бранат од паушни сметки од ЕВН, компанијата нема капацитет за фер наплата

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

ЕВН Хоме не е подготвена, ниту технички ниту кадровски, да спроведе фер и недискриминаторен систем на наплата заснован на реална потрошувачка. Ова е заклучокот од неколте средби и иницијативи на Здружението на инженери на Македонија со претставници од ЕВН и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.  И покрај поднесените иницијативи за воведување на поправеден систем на пресметка на потрошената електрична енергија, состојбите во пракса покажуваат дека граѓаните и понатаму се изложени на неправедни и паушални сметки. Го пренесуваме соопштението во целост:

„Здружението на инженери на Република Македонија иницираше измени на Правилата за снабдување со електрична енергија, поради евидентирани неправилности во фактурирањето на електричната енергија. Овие неправилности се резултат на нередовното отчитување на струјомерите и издавање на сметки врз основа на проценета, наместо реална потрошувачка. Целта на иницијативата е воведување на праведен, недискриминаторен и фер систем на наплата кој се базира на реалната потрошувачка и автоматска корекција на паушално изготвените сметки. На подготвителната седница организирана од Регулаторната комисија за енергетика, покрај членовите на Комисијата, присуствуваа и четири претставници од Електродистрибуција и ЕВН Хоме – стручни и овластени лица кои дадоа свои коментари и забелешки на предложените измени. Од текот на двоиполчасовната дискусија ги изнесуваме нашите согледувања и заклучоци:

-ЕВН не е подготвена – ниту технички, ниту кадровски – да воспостави фер и недискриминаторен систем на наплата базиран на реалната потрошувачка. Измените во софтверските решенија ЕВН не ги изведува самостојно, туку преку ангажирање на надворешни компании. Иако се повикуваат на употреба на алгоритми за проценка на потрошувачката, досега никој не извршил увид или експертиза на програмскиот код, ниту ја анализирал точноста на алгоритмот.

-ЕВН нема конкретна намера за брза замена на постојните броила со нови уреди кои овозможуваат далечинско отчитување. Иако на веб-страната на ЕВН Дистрибуција се наведува дека на 31-ви декември постои автоматско отчитување и автоматска корекција на сметки за потрошувачите кои првпат влегуваат во четвртиот пресметковен блок, на седницата се утврди дека овие процеси не се целосно автоматизирани. Сметките сè уште се коригираат рачно и се базираат на предвидувања, наместо на реални податоци.

Претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски, побара од претставниците на ЕВН да достават дополнителни објаснувања поврзани со клучните прашања што беа отворени на седницата, давајќи им рок од 10 дена за тоа. По добивањето на овие информации, РКЕ ќе го соопшти својот конечен став по однос на предложените измени.

-Членот на комисијата Елена Маркова Велинова истакна дека со ваквите постапки ЕВН прекршува определени одредби од Законот за облигациони односи. До моментот на одлуката на РКЕ ситуацијата останува статус кво. Врз основа на горенаведеното, заклучуваме дека ЕВН нема капацитет за брза адаптација кон новите правила. Наместо да се потпира на сопствени ресурси, ЕВН користи надворешни софтверски добавувачи и нема соодветен кадар за модификација на софтверските системи. Било каква промена во постоечкиот систем за наплата ќе биде долг процес, кој би траел неколку години. Исто така, инсталирањето на нови паметни броила ии броила со далечинско отчитување ќе бара значително време и ресурси. Спроведувањето на праведен и точен систем за наплата според реалната потрошувачка, согласно ставовите на претставниците од ЕВН, може да значи и поскапување на електричната енергија, а имплементацијата не би се очекувала скоро. Затоа останува на граѓаните редовно да изразуваат сомнеж во точноста на своите сметки за електрична енергија и да поднесуваат приговори до ЕВН Хоме, со цел да се заштитат од нереално и паушално изготвени сметки врз основа на проценети (естимирани) вредности. Со тоа, граѓаните користејќи го своето право да поднесуваат приговори ќе спречат неправедна наплата со префрлување во повисоки тарифни блокови, со што ЕВН им наплатува поголеми износи од реалната потрошувачка“, стои во соопштението на Здружението на инжинери на Република Македонија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција

На германските гробишта во Прилеп денеска по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Н.Е. Петра Дрекслер и Н.Е. Кристоф Ле Риголер, делегација од Општина Прилеп,...

(ВИДЕО) Тутунски Комбинат подготвен за старт на откупот

На 18 ти ноември, вторник, Тутунски Комбинат на 34 пунктови и 37 ваги почнува со откуп на договорените количини од 2 милиони и 300 илјади кгр. ориентален тутун.  Средствата за исплата се обезбедени. Цените договорени во март се највисоки досега, а доколку има корекции за повисоки цени, Комбинатот ретроактивно ќе...

“Средби со граѓани“ функционира! Остварени средби и надеж за соработка – прв примен ден и отворени врати за граѓаните на Општина Прилеп

Првиот најавен и организиран приемен ден со граѓаните на Општина Приелеп, е отценет како успешен. 20 – тина прилепчани имаа можност да ги изнесат своите сугестии, предлози, идеи и да побараат помош од локалната власт. Целта на средбите со граѓаните  е да се идентификуваат реалните потреби и да се понудат...