(ВИДЕО) Се санираат црквата на Трескавец, иконостасот „Свето Благовештение“ и локалитетот Стибера

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“  која што датира од 12 тиот век во комплексот „Трескавец“,  црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп и археолошкиот локалитет „Стибера“ се во напредни фази од нивна реставрација и оспособување за пошироката јавност. Ова денеска го посочи мнистерот за култура и туризам Зоран Љутков, кој што заедно со државниот секретар Марија С. Ѓоргова беа во посета на локалитетите. На манастирскиот комплекс Трескавец беа присутни , Софија Филипиду, амбасадор на Грција во Македонија,  Флора Карајани, директор на Европскиот центар за византиски и пост византиски споменици. Македонските и грчките експерти  ќе помагаат за успешна реализација на проектот. За почеток обезбедени се  4 милиони денари. По конзервацијата и рестраврацијата на статиката и подот, решавањето на проблемот со влагата се очекува да се започне со реставрација на фреските во црквата.

Во изминатиот период на Трескавец беа реконструирани и опожарените конаци, а со тоа по повеќе од десет години се овозможи враќање на монашкото братство во овој комплекс.

– Во македонскиот духовен центар, манастирскиот комплекс „Трескавец“, наскоро треба да започне реализацијата на капиталниот проект на Владата и на Министерството за култура и туризам за конзервација и реставрација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Основниот проект за санација и конструктивна консолидација на црквата, отстранување на влагата и реконструкција на подот е во завршна фаза. Очекувам во периодот што следува да се обезбедат сите дозволи за да можеме да почнеме со реализација на овој капитален проект, за кој за почеток обезбедивме 4 милиони денари.  Во текот на 2026, пак, ќе се работи и на проектот за конзервација на живописот во црквата – рече Љутков.

Претходно, министерот Љутков ги посети и црквата „Свето Благовештение“ и археолошкиот локалитет „Стибера“.

– Работите на капиталниот проект за конзервација и реставрација на црквата „Св. Благовештение“ треба да завршат до крајот на годинава. Треба да се изврши уште конструктивно зацврстување на носечката конструкција на иконостасот и конзервација и реставрација на резбата, за што се обезбедени 2,1 милиони денари, додека за соодветна туристичка презентација и промоција на археолошкиот локалитет „Стибера“, во тек се активности за тековно одржување. Археолошките истражувања на ова наше културно добро од највисок ранг ќе продолжат кон крајот на август.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...