Прилепчанец 75 годиншен со автомобил“опел“ удрил во лице на велосипед

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Вчера повторно повреден велосипедист. Колата ја управувало 75 годиншно лице, кое му нанели на 50 годишниот велосипедист тешки телесни повредни.

Настанот се случил вчера попладне (05.04.2025 година)  кога во 12.00 часот во Полициската станица Прилеп, било пријавено дека на улицата „Андон Слабејко“ во Прилеп, патничко возило „Опел“ со прилепски регистарски ознаки управувано од О.Ѓ.(75) удрило во велосипед управуван од М.Т.

Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп.

Инаку, само при вчерашната контрола, сабота 05 април 2025 година, полицијата во Прилеп  утврдила 81 прекршувања кои ги направиле возачи по различни основи.

Вчера,  во периодот од 10.00 до 15.00 часот Секторот за  сообраќајни работи при Одделот за Униформирана Полиција-Биро за Јавна Безбедност и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола, ОВР Прилеп за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата санкционирани се 81 возач од кои: 22 лица за возење без возачка дозвола, 5 возачи за управување на моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола, 3 возачи под дејство на алкохол, 8 возачи на возила со затемнети стакла без извршен А-тест, 3 мерки за брзина поголема од дозволената, 8 мерки за непрописно паркирани возила, 6 мерки за претовар на товар и необезбеден товар, 4 барања за правни и одговорни лица, одземени се 2 пмв по 344/4 од ЗБСП односно возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола повеќе од 6 месеци, одземена е една возачка дозвола по член 341 од ЗБСП како и останати  прекршоци. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

“Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.“ се вели во соопштението на полицијата

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Проданоски оствари средба со амбасадорите на Германија и Франција

На германските гробишта во Прилеп денеска по повод „Денот на примирјето“ и „Денот на народната жалост“, им беше оддадена почит на жртвите од Првата светска војна. Делегации од амбасадите на Сојузна Република Германија и Република Франција, предводени од амбасадорите Н.Е. Петра Дрекслер и Н.Е. Кристоф Ле Риголер, делегација од Општина Прилеп,...

(ВИДЕО) Тутунски Комбинат подготвен за старт на откупот

На 18 ти ноември, вторник, Тутунски Комбинат на 34 пунктови и 37 ваги почнува со откуп на договорените количини од 2 милиони и 300 илјади кгр. ориентален тутун.  Средствата за исплата се обезбедени. Цените договорени во март се највисоки досега, а доколку има корекции за повисоки цени, Комбинатот ретроактивно ќе...

“Средби со граѓани“ функционира! Остварени средби и надеж за соработка – прв примен ден и отворени врати за граѓаните на Општина Прилеп

Првиот најавен и организиран приемен ден со граѓаните на Општина Приелеп, е отценет како успешен. 20 – тина прилепчани имаа можност да ги изнесат своите сугестии, предлози, идеи и да побараат помош од локалната власт. Целта на средбите со граѓаните  е да се идентификуваат реалните потреби и да се понудат...