Со фотографии од загинатите, граѓаните со молчење, плач и  трансапренти – Маршираа и побараа правда за нивините ангели

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По речиси три недели од трагедијата во Кочани, денеска семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“, организираа протест насловен како „Марш за Ангелите“.

Собирно место беше Паркот на Револуцијата, а се упатија и кон Трговскиот центар, Општина Кочани, Одделението за внатрешни работи и заврши пред Основниот суд и обвинителството во Кочани.

Тие, а и граѓаните на Кочани кои се придружија во огромен број со транспаренти движејки се низ улиците во градот, побараа правда за прерано згаснатите животи на нивнте ќерки, синови, внуци, братучеди…

Снимките ја опишуваат траорната атмосфера, немаме зборови со кои можеме да го прикажеме денешниот протестен марш.

Со фотографии од загинатите, граѓаните со молчење, плач и  трансапрентите „Стоп за селективната правда“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Ова не е несреќа, ова е убиство“ и многу други натписи, а семејствата порачаа дека  ќе се борат до крај и нема да застанат ниту за момент.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи

Се издава комплетно наместен стан во населбата Монополски Бавчи. Станот е со површина од 70 м² и се наоѓа на прв кат. Располага со две спални соби, дневна соба, кујна, бања и две тераси, од кои едната е затворена опремена со електрична и класична сушара за алишта. Станот е целосно опремен и подготвен за веднаш

„FREEDOMRUN Kochani 2026“привлекува сè поголем интерес – веќе пријавени 178 учесници

Подготовките за спортско-рекреативниот настан FREEDOMRUN Kochani 2026 се во полн ек, а интересот за учество постојано расте. Според организаторите, досега се регистрирани 178 учесници од Кочани, соседните градови и повеќе места низ државата. Меѓу пријавените има 118 мажи и 60 жени, што потврдува дека настанот привлекува учесници од различни возрасни групи и спортски профили. Организацискиот

По седум месеци исчекување, жителите на улицата „Бел Камен“ конечно ќе чекорат и возат по нов асфалт

По седум месеци исчекување, жителите на улицата  „Бел Камен“ во Кочани, добија обновена сообраќајна инфраструктура и подобри услови за движење. Реконструкцијата на улицата „Бел камен“ се реализираше со 10.803.000 денари, средства коишто Општина Кочани ги доби од Владата, преку заемот од Светска банка за „Проектот за поврзување на локални патишта“. Со одлука на Советот, Општина