Прилеп остана и без големата сала во Цепенков и киното Мис Стон

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По контрола и инспекција на Дирекцијата за заштита и спасување ги затвори големата сала во Центарот за култура „Марко Цепенков“ и киното „Мис Стон“ . Салата и киното се затворени за секаков вид манифестации и приредби се додека не се отстранат сите недостатоци од заштитата.Додека пак, Центарот за култура непречено може да одржува изложби, концерти и настапи во ликовната галерија и во фоајето.

Националната установа Центар за култура „Марко Цепенков“ Прилеп решението го добиле во текот на вчерашниот ден. Во решението констатирани се повеќе недоследности  од областа на безбедноста на објектите:

-Го добивме решението во кое, меѓу другото, се вели дека нема хидрант, односно тој никогаш комплетно не бил доопремен, нема громобран, не е функционален алармниот систем за пожари, резервниот извор – агрегатот за напојување со струја не е во функција, како и електромоторот за подигнување и спуштање на завесата на сцената во големата сала од „Марко Цепенков“. Освен тоа, инспекторатот констатирал дека некои од излезите од сцената за евакуација се отвораат обратно, посочува Марија Попова Јованоска, директорка на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Салите ќе останат затворени додека не се отстранат недостатоците.

По инспекциската контрола вон употреба од 25 ти март е ставена и зградата на Народниот театар „Војдан Чернодрински“, каде се најдени 15 безбедносни недоследности и пропусти.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ќе се мијат улиците за почист град

Ќе се мијат главите сообраќајници за почист град, соопштуваат од ЈКП Комуналец, кои ветуваат дека ова миење на улиците, во иднина ќе се одвива редовно. Но, за темелно чистење на овие површините граѓаните ќе мора да ги отстранат паркираните автомобили на тротоарите во одреден термин. Имено, На 15.02.2026 година(недела), од...

Да му помогнеме на 14 годишниот Марко!

Марко Џолевски има само 14 години, а веќе животот го има соочено со редица здравствени предизвици. Неодамна во Турција беше опериран од тумор на жолчката, но неговата битка за подобро здравје сè уште трае, бидејќи живее со епилепсија, нарколепсија, апнеа, замор и болки.По враќањето од Турција, гастрохепатолошките и невролошките состојби...

Прилепчани не се предадоа лесно – битолскиот шампион се помачи за победа

Ракометарите на Прилеп во натпреварот од 21. коло на македонската Суперлига на гостувањето кај Еурофарм Пелистер во Битола, се вратија со пораз,  32-27 (16-12) . Но, РК Прилеп не се предаде и со солидна игра,особено во во второто полувреме држеше мала негатива. На средина од вториот дел  од натпреварот Шипинкоски...