75 години постоење одбележува прилепскиот театар „Водјан Чернодрински“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со претставата „Роња“ во продукција на Тетатарот за деца и младинци  од Скопје, в понеделник на 17 февруари ќе започне „Недела на театарот“ по  повод одбележувањето на 75 години од формирањето на Народниот театар „Војдан Чернодински“ од Прилеп.

Ќе бидат прикажани седум претстави, а ќе се одржи и панел дискусија насловена „Од Кир Јања“ до „Ученикот“. Освен претставите  „Ученикот“ и „Бура“ во продукција на „Војдан Чернодрински“, ќе се претстават и Театарот за деца и младинци од Скопје, независниот театар „Златен елец“, Велешкиот театар, Народниот театар од Битола и МТЦ Зона.

Театар „Војдан Чернодрински“ низ децениите растејќи, развивајќи  се преку претставите отвораше вистински прашања,  коментираше, просветлуваше, возбудуваше, откриваше, воспоставуваше систем на вредности, брануваше. Така е и сега, но и ќе продолжи во таа насока, бидејќи како што велат актерите тоа што го работат го работат со љубов и посветеност и покрај неповолните услови за работа.

Првата премиера на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ е „Кир Јања“ од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

Досега театарот прикажал околу 350 премиери со над  7000 претстави кои ги гледале над 1,7 милиони луѓе.

Режирале 70 режисери, од кои најмногу, дури 62 претстави биле потпишани од Благоја Дамески, потоа 24 од Коле Ангеловски, и од поновата историја, 15 претстави режирал  Кирил Петрески. Најмногу од авторите е поставуван Нушиќ, 15 пати, од кои три пати „Нажалена фамилија“.

Во седумипол децениското опстојување, најгледаната претстава во театарот „Војдан Чернодрински“ е „Солунски патрдии“ од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски, премиера во 1984 година, изведена над 110 пати. Веднаш по неа е  „Од кол на кол 1“(2007/2008), исто во режија на Коле Ангеловски.

Најголем успех театарот го постигна со „Тапани во ноќта“, режија Мартин Кочовски, со која  освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-тото издание на МТФ „Војдан Чернодрински“(2009).Исто така „Кавкаскиот круг со креда“ во режија на Мартин Кочовски, во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот Екс Понто во Љубљана, Словенија, а потоа и за најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“.

Театарот „Војдан Чернодрински“ низ годините  на сцената поставуваше праизведби на текстови од македонски драмски автори. Низ летописот на театарот е забележано дека првиот драмски текст од македонски автор игран на сцената е „Бегалка“ во режија на Аце Михајловски, реализиран уште првата година од постоењето на театарот, текст кој што бил поставуван уште неколку пати. Празиведби доживеале и драмските текстови од Коле Чашуле, Томе Арсовски, Блаже Алексоски, Благоја Ристески-Платнар, Трајче Крстески, Василе Димески, Петар Петрески итн…  Биле поставува пиеси од Васил Иљоски, Ристо Крле, Антон Панов, Горан Стефановски, Јордан Плевнеш, Блаже Миневски, Никола Јонков Вапцаров, Живко Чинго, Братислав Димитров, Бранко Илиески…

 

Фото:  архива НТ „Војдан Чернодрински“

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите...

„Не биди трупец, засади дрво“ – акција за пошумување во билизна на с. Лениште

По повод Светскиот ден на лицата со дијабетес – 14 ноември и негово одбележување, во општина Прилеп ќе се реализира третата по ред акција за пошумување под мотото „НЕ БИДИ ТРУПЕЦ, ЗАСАДИ ДРВО“, во организација на „Сина Револуција“. Акцијата ќе се реализира на 16 ноември 2025/ недела/ од 10.00 часот...

Приказна за човекот и мечката – „Кој кому му е закна ?!„

Ноември – месецот кога шумата тивко се подготвува за зима. Но, зад мирната слика, понекогаш се крие опасност. Денoвиве јавно се говри за нешто што сè почесто го слушаме во вестите: напад на мечка врз човек. Се започнало како обично утро – човек излегува да бере печурки во шумата. Но,...