700 степени било во „Пулс“ – „Тоа е близу до крематориум“, сведочеше патологот Станков

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Со потресно сведочење на доктор Александар Станков, вештак од Институтот за судска медицина, денеска продолжи големиот судски процес против 35 обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година.

Според неговите наоди, температурата во објектот за време на пожарот достигнала до 700 степени Целзиусови.

„Тоа е температура приближно за крематориум“, одговори Станков на прашање на обвинителката за амбиенталните услови во моментот на трагедијата.

По оваа изјава, дел од родителите на жртвите кои беа присутни во судницата ја напуштиле салата, додека други реагирале со тивки солзи, тешки воздишки и видлива вознемиреност.

Во своето сведочење, вештакот ги отфрли тврдењата на одбраната дека јаглеродниот моноксид, кој го вдишале жртвите и преживеаните, не бил единствениот фактор за труењето и смртните последици.

„Јаглеродниот моноксид е најчест токсичен отров кој се јавува во запалени затворени простории. Тој многу брзо ја исполнува просторијата. Кога се дава причина за смрт, се дава основниот и доминантниот причинител за смртта. Јаглеродниот моноксид е главниот причинител за задушување и труење. Во вакви случаи има вдишување на топол воздух, вдишување на чад и вдишување на цијанид. Тие само го потпомогнале задушувањето од јаглеродниот моноксид“, изјави Станков.

Тој дополнително објасни дека цијанидот го блокира преносот на кислородот од крвта до клетките, но нагласи дека не бил доминантната причина за смртта кај најголем дел од жртвите.

„Кај 26 лица немаме цијанид, кај 11 се концентрации кои можете да ги најдете кај нормалната популација. Ако цијанидите биле доминантен причинител, ќе имавме многу поголем број жртви“, рече вештакот.

На прашање дали навремена кислородна поддршка на местото на несреќата или во болниците би можела да спаси дел од жртвите, Станков одговори дека таквата интервенција не би дала резултати.

„Примената на кислородот не би дала никакви резултати“, посочи тој, додавајќи дека и кај дел од лицата кои примале кислородна поддршка пред да починат, таа не помогнала.

Според презентираните наоди, најголем дел од загинатите починале од насилна смрт како последица на труење со јаглероден моноксид. Четири лица, според обдукциските протоколи, починале од притисок врз градниот кош, додека тројца го загубиле животот поради недостаток на воздух и кислород во околината.

Обдукцијата на три жртви кои починале за време на лекувањето, исто така, утврдила насилна смрт поради акутна слабост на белите дробови од интоксикација со јаглероден моноксид, додека кај едно лице причина за смрт биле изгореници од трет степен на главата и телото.

Извор: 4news

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Крадец се заглавил на оградата од црквата во Кочани – Интервенирале полицијата, ТППЕ и итната помош…

Вчеравечер, во храмот „Св. Вмч. Георгиј“ во Кочани, се случил обид за кражба, при што непознат сторител се обидел насилно да влезе во црковниот објект. Според првичните информации, по неуспешниот обид за разбивање, лицето се дало во бегство, но при тоа се заглавило на оградата околу храмот. На местото на настанот интервенирале полициски службеници, екипа

71 година Радио Кочани и 16 години Радио Кочани ФМ

Радио Кочани годинава одбележува 16 години постоење – од класично радио до современ мултифункционален медиум. Покрај радиофреквенцијата 91,4 мегахерци, денес посебен акцент се става на видео продукцијата, која станува сѐ поважен дел од информирањето, oд која месечниот досега на прегледи ни достигна до 20 милиони. Со своето присуство на социјалните мрежи и веб платформите, Радио

Тоневски: Во тек е евалувација на понудите за изградба на современиот систем за отпад во село Мечкуевци

Во тек е евалуацијата на понудите од компаниите, кои се јавиле на распишаниот тендер за изградба на современиот систем за управување за отпад во Светниколското село Мечкуевци, каде што ќе се селектира и на современ начин ќе се депонира отпадот од 18 општини од Источниот и Североисточниот Плански Регион, информираше денеска претседателот на Советот на