60 години ЛК „Копнеж“: За јубилејот – Поетски караван

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Раче Мицов, претседател на ЛК „КОПНЕЖ“ при библиотеката „ИСКРА“- Кочани, во разговор не информираше дека почнал со реализација есенскиот Поетски караван.

Поетскиот караван е посветен на 60 годишнината од формирањето на ЛК „КОПНЕЖ“ и одбележувањето на Месецот на книгата, кој започнува на 15.10.24. и трае до 15.11.24 година.

Првата поетска средба е реализирана на 18.10.24. со учениците од деветолетката „Св.Климент Охридски“ од Облешево. Од ЛК „КОПНЕЖ“ учествуваа 5 поети а од училиштето 7 ученика. Наредната недела ќе бидат посетени: во вторник, 24.10. со почеток во 12,оо ч, гимназијата „ЉУПЧО САНТОВ“, а во среда, 25.10, со почеток 11,30 ч деветолетката „ Малина Попиванова“.

Во октомври и ноември ќе бидат посетени сите основни и средни училишта од општина Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Ги повикуваме љубителите на пишаниот збор, кои имат напишано или се љубители на литературни творби, во договор со „ЛК-КОПНЕЖ, да присутвуваат на поетските средби, велат од Литературниот клуб од Кочани.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В сабота прв годишен концерт на АТМИ „Митко Алексов“

В сабота, 19 октомври, со почеток во 18 часот во големата сала на Мултикултурниот центар, Ансамблот за традиционална музика и игра „Митко Алексов“ ќе го одржи првиот годишен концерт. Настанот ќе се реализира под мотото „Ритамот на традицијата“, при што ќе настапат ансамлби од Македонија и странство со над 250 играорци. Претходно, со почеток од

Здружението на слепи и слабовидни лица – Кочани го одбележа Светскиот ден на белиот стап

По повод 15 октомври, Светскиот ден на белиот стап, Здружението на спепи и слабовидни лица – Кочани, традиционално го одбележа настанот. По тој повод, членовите организираа средба на која се дискутираше за важноста, проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното живеење. Славењето на 15 октомври како меѓународен ден на белиот стап службено запачнало