46 годишен кочанчанец возел со со 1,57 промили алкохол во крвта, против него ќе биде поднесена пријава

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денеска (11.05.2025) во 00.23 часот на ул.„Стево Теодосиевски“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода Н.А.(46) од Кочани. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „сеат“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал Н.А. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,57 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ОМУ „Ристо Јуруков“ во тек се упсите за идните ученици за учебната 2025-2026 година

Во ОМУ „Ристо Јуруков“ во тек се упсите за идните ученици за учебната 2025-2026 година. Заинтересираните потребната документација може да ја достават секој работен ден во периодот од 10 до 15 часот во просториите на училиштето, што е лоцирано во Спомен домот „АСНОМ“, заклучно со 10 јуни. Директорката Марија Лазарова упати повик до сите кои

Распродажба на индустриски машини за шиење за домашна употреба…

Распродажба на индустриски машини за шиење за домашна употреба по цена од 100 евра. Во кругот на „Дени Милк“ спроти хотелот „Амор“. Телефонски број 071/411-511 Продажбата ќе се одвива во вторник (13.05) и среда (14.05)

На 17 мај трка на келнерите во хуманитарни цели

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.