44-годишник од селото Уларци, во Штип возел со 2,10 промили алкохол во крвта

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 24.05.2025 во 12 часот на ул.„Брегалничка“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Т.Н.(44) од с.Уларци, oпштина Чешиново-Облешево.

При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал T.Н., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,10 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани доби нова дестинација за сите љубители на слатки вкусови – „Пинк Пантер“

Кочани доби нова дестинација за сите љубители на слатки вкусови! Запознајте го „Пинк Пантер“ – најслаткото катче во градот, каде што задоволството има вкус! Овде ќе ги пронајдете највкусните палачинки, мини палачинки, вафли и други благи задоволства, подготвени со љубов и секогаш свежи. Зад оваа слатка приказна стои младиот ентузијаст Давид Крстев, кој за Радио

ВМРО-ДПМНЕ во посета на Зрновци: Разговори со граѓаните и презентација на идни проекти

Во рамките на теренските активности, претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја посетија општина Зрновци и околните населени места. Меѓу нив беше и портпаролката на Владата на Република Македонија, Марија Митева, како и други високи функционери од партијата. Тие заедно со актуелниот, а воедно и иден кандидат за градоначалник, Борчо Коцев, остварија средби со локалното население. Разговараа