44 години од раѓањето на Тоше Проески

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На денешен ден во 1981 година е роден Тоше Проески. Денес се одбележува 44 роденден на нашата и балканска голема музичка ѕвезда, хуманиот човек со големо срце чиј живот предвреме згасна.

Роденденот на Тоше ќе биде одблежан со концерт со наслов „Ангел си ти“ во спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево, со почеток во 12 часот.

Под диригентската палка на Аделина Колева, ќе се изведуваат безвременските хитови на Тоше, во изведба на вокалната формација „Оренда“ и вокалниот состав „Графити“. Посебна магија на концертот ќе донесат и младите солистки Нела Манческа и Дорис Димовска, како и прилепската група „Локдаун“.

Музичката кариера Тоше ја започна со настапот на „Мелфест“ во 1997 година. Патот кон ѕвездите му го отворија песните „Пушти ме“ (1997) и „Остани до крај“ (1998). Тој беше претставник на Република Македонија за песна на Евровизија во 2004 година во Истанбул, Турција, и го освои 14-то место.

Во 2004 година, Проески беше именуван за регионален Амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја издаде песната „За овој свет“. Во својата кариера ги објави албумите „Синот Божји“ (2000), „Некаде во ноќта“ (2001), „Ако ме погледнеш в очи“ (2003), „Ден за нас“ (2004), „По тебе“ (2005), „Божилак“ (2006), „Игри без граници“ (2007).

Сингловите од албумот „По тебе“ и по неколку месеци се наоѓаа на највисоките места на музичките топ-листи во Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и Босна и Херцеговина. Неговото издание „Божилак“ е компилација од 14 избрани традиционални македонски песни. Објавени се и ДВД-изданија на негови концерти во 2004 и 2006 година. Негови најпознати хитови се „Усни на усни“, „Соба за тага“, „Ако ме погледнеш в очи“, „Тајно моја“, „Немаш ни благодарам“, „Срце не е камен“, „Кој ли ти гризе образи“ и други.

Тоше ги привршуваше студиите на Музичката академија во Скопје и работеше на музичката кариера во светски рамки. Последниот концерт во Македонија го одржа на 5 октомври на Градскиот стадион во Скопје. Концертот беше хуманитарен и наменет за обнова на основните училишта во земјава.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 година во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Постхумно Владата на Република Македонија го прогласи за заслужен граѓанин на државата, а во Крушево во негова чест е изграден меморијален центар што го носи неговото име.

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Повозрасните Кочанчани советуваат: За брак најдобро по 25-та година

Кога е најидеалното време за стапување во брак? За да добиеме одговор на ова прашање, направивме анкета со повозрасните жители на Кочани кои имаат децении животно искуство зад себе, а многумина и долгогодишен брак. Граѓаните со кои разговаравме се присетија на времето кога тие се венчале – повеќето од нив стапиле во брак меѓу 20

Амбасадорот на Чешка во посета на Кочани

В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го прими во официјална посета амбасадорот на Чешка во Македонија, Н. Е. Јарослав Лудва. Амбасадорот се интересираше за состојбата по трагедијата и начините за справување со последиците од неа. Посебен интерес покажа за функционирањето на Доброволното противпожарно друштво и Територијалната противпожарна единица, за нивната опременост и екипираност.

Јавен повик за ангажирање 20 пожарникари

Општина Кочани го објави јавниот повик за работно ангажирање 20 (дваесет) невработени лица за заштита и превенција од пожари и заштита и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување). Сите невработени лица евидентирани во АВРМ кои се заинтересирани да се вклучат во мерката Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина