20 март (петок) е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Следен неработен ден за сите граѓани во  Македонија е 20 март – Рамазан Бајрам кога воедно е и продолжен викенд.

Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за 2026 година, за да можете навреме да ги испланирате вашите патувања и одмори.

За сите граѓани 

Оваа година нè очекуваат дури 7 продолжени викенди за сите граѓани:

1 јануари (четврток) – Нова Година
7 јануари (среда) – Божиќ, првиот ден на Божиќ
20 март (петок) – Рамазан Бајрам (Продолжен викенд)
13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден (Продолжен викенд)
1 мај (петок) – Ден на трудот (Продолжен викенд)
25 мај (понеделник) – Св. Кирил и Методиј (бидејќи 24 мај е во недела) (Продолжен викенд)
3 август (понеделник) – Ден на Републиката (бидејќи 2 август е во недела) (Продолжен викенд)
8 септември (вторник) – Ден на независноста
12 октомври (понеделник) – Ден на народното востание (бидејќи 11 октомври е во недела) (Продолжен викенд)
23 октомври (петок) – Ден на македонската револуционерна борба (Продолжен викенд)
8 декември (вторник) – Св. Климент Охридски

За граѓаните од православна вероисповед

Покрај државните празници, православните верници имаат дополнителни неработни денови кои исто така формираат продолжени викенди:

19 јануари (понеделник) – Богојавление (Водици) (Продолжен викенд)
10 април (петок) – Велики Петок (пред Велигден)
29 мај (петок) – Духовден (петок пред Духовден) (Продолжен викенд)
28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица) (Продолжен викенд)

За граѓаните од муслиманска вероисповед

27 мај (среда) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните од католичка вероисповед

6 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден
1 ноември (недела) – Празникот на сите светци
25 декември (петок) – Божиќ, првиот ден на Божиќ

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Исплатени над 237 милиони денари кон македонските земјоделци

Денеска се реализирани исплати во вкупен износ од над 237 милиони денари кон македонските земјоделци, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Исплатите се однесуваат на: ∙ Интервентен фонд – мерка 1.2 „Произведено вино“ – 59.942.278 денари за 39 корисници; ∙ Мерка 213 „Плата за овчари“ – 34.089.868 денари за 43 корисници; ∙ Мерка 112

Нелегално ископување на археолошки локалитет во Виница

На 03.03.2026 во 11:51 часот во СВР Штип, археолог – кустос во Музеј „Теракота“ во Виница пријавил дека при вршење на редовни работни активности кај археолошкиот локалитет „Света Недела“ на место викано „Осојница“ во атар на с.Блатец, виничко, забележал дека во изминатиот период имало нелегално ископување кај археолошкиот објект. Полициски службеници од ОВР Виница излегле