20 години уживање во вкусот и атмосферата на пицерија „Пјаца“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Пицерија Пјаца, еден од симболите на добрата храна и уникатниот амбиент во нашиот град, го одбележа својот 20-ти роденден на незаборавен начин.

Прославата привлече бројни гости кои имаа можност да уживаат во внимателно подготвените специјалитети, кои ги подготвија  врвни кулинари, познати по својата посветеност и мајсторство во подготовката на пица и други гастрономски деликатеси.

Музичката поддршка на овој значаен ден ја обезбеди познатата пејачка Ирена Спасовска, која со својот глас и заедно со групата Бекрии направи магична атмосфера, која ги воодушеви сите присутни.

Гостите беа воодушевени од комбинирањето на прекрасната храна со енергичната музика, што го направи настанот уште поизвонреден.

Пицерија Пјаца, која во текот на овие 20 години стана место за сите оние кои сакаат да уживаат во вкусни јадења и топла атмосфера, продолжува да го оправдува своето место на гастрономската сцена.

Со иновации во менито и внимателен пристап кон секој гостин, „Пјаца“ останува еден од најдобрите избори за сите љубители на добрата пица и квалитетната храна.

Празнувањето на оваа значајна годишнина е само потврда за продолжениот успех и посветеност на пицерија „Пјаца“ да ги задоволи очекувањата на своите посетители.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен нов мултифункционален спортски терен во Соколарци – „Адријан и Иван“ во чест на трагично загинатите деца

Во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево, денеска беше пуштен во употреба нов мултифункционален спортски терен, наменет за спорт и рекреација на младите. Теренот симболично го пуштија во употреба градоначалникот Јорданче Костадинов и претставникот од Министерството за спорт, Илија Ристески. Реализацијата на проектот е со поддршка од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија. Новиот спортски

Златко Илијев, претседател на ДПД Кочани: Работите се менуваат…

Професионални пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) и доброволците од Добрововолното противпожарно друштво-Кочани на 16 март 2025 година учествуваа во гаснењето на пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Професионалците и доброволците сплотени и единствени спасија и голем дел од повредените млади луѓе. Една година по трагедијата во Кочани во која згаснаа 63 животи, а над 200