Помеѓу 15 пријавени момчиња, 18 годишниот Андреј Ангелов беше најбрз во Зрновци и го фати Светиот Крст во водите на Зрновска Река.
Тој доби 15.000 денари од Општина Зрновци, како и 15.000 од фармацевската компанија „Зегин“.
Чинот на потопување го изврши свештеникот Лазар Коцев.
Бог се јави, навистина се јави!
За многу години Богојавление-Водици, среќна слава, честит именден на сите Славеници !
Здравје, среќа и бериќет да Ве следи почитувани, истакна градоначалникот Коцев.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.