16-годишник управувал кола и излетал од патот с.Кривогаштани- с.Крушеани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во соовраќајката која се случила вчера, 15-годишениот  сопатник од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, се здобил со тешки телесни повреди, а на малолениот возач во болницата му биле контатирани телесни повреди.

На 28.09.2025 во ОВР Прилеп е пријавено дека на регионалниот пат с.Кривогаштани- Крушеани, патничко возило, со битолски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник од с.Трновци, општина Могила, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од с.Бела Црква, општина Кривогаштани, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – информираат од МВР.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вечерва промоција на изборната програма на СДСМ во Цепенков

Денеска, 30-ти септември, во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ кандидатката за градоначалник на СДСМ и Коалицијата за Прилеп Петра Лукароска, ќе се одржи презентација на својата изборната програма. На презентацијата ќе биде промовирани и членовите на  на кандидатската листа за советници. Почетокот на презентацијата е во 19.00 часот,информираа од ОО...

Проданоски најави мерки за социјална сигурност на пензионерите во Прилеп

Кандидатот за градоначалник на општина Прилеп од Коалицијата ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО ДПМНЕ, Дејан Проданоски, денеска оствари средба со пензионерите од градот, со кои разговараше за нивните потреби и предизвици. Тој истакна дека пензионерите се значаен дел од општеството и заслужуваат поголемо внимание и почит. Здружението на пензионери во...

(ВИДЕО) Проданоски најави два големи проекти за трансформација на сообраќајот во Прилеп

Ќе го решиме проблемот со сообраќајниот хаос во центарот на Прилеп, обиколниците ,,Исток“ и ,,Запад“ се огромни капитални проекти, изјави Дејан Проданоски, кандидат за градоначалник на Општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. „Нашата програма не е само лист хартија и празно ветување. Тоа се реални проекти за подобар живот на...