На 04.10.2025 година во спортската сала на СОУ Ристе Ристески Ричко во Прилеп ќе се одржи 15 ти Меѓународен Традиционален Турнир во Џудо Прилеп Град Херој -2025 ЦЕВИТАНА КУП. Турнирот е во организација на Џудо Клубот Сеишин- Прилеп со поддршка на Џудо Федерацијата на Македонија. Истиот е за возрасните категории Деца, Помлади Пионери и Пионери во машка и женска конкуренција кои ќе се натпреваруваат во 40 тежински категории. Пријавувањето е во тек и според најавите и оваа година во Прилеп ќе пристигнат покрај клубови од Државата и Балканот туку и од Европа со над 300 натпреварувачи, за што клубот навремено ќе информира. 1 ден пред почетокот на турнирот клубот традиционално ќе ја одржи прес конференцијата за јавноста и медиумите со цел да се соопштат сите детали за настанот. Се покануваат сите љубители на боречките вештини да земат присуство и да ги проследат борбите во Сабота 04.10.2025 со почеток во 10.00 часот. Влезот е слободен.









