Денеска се одбележуваат 123 години од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, една од најзначајните личности во македонската историја и симбол на борбата за слобода и национално ослободување.
Делчев загинал на 4 мај 1903 година во близина на селото Баница, во пресрет на Илинденското востание, оставајќи зад себе силно историско и национално наследство.
Роден е на 4 февруари 1872 година во Кукуш, денешен Килкис во Грција. Неговото име и дело остануваат длабоко врежани во македонската историја и колективна меморија.
И повеќе од еден век подоцна, Гоце Делчев се смета за симбол на борбата за слобода, правда и еднаквост. Неговите идеи и визија продолжуваат да бидат инспирација за многу генерации.
Посмртните останки на Делчев се наоѓаат во црквата „Свети Спас“ во Скопје, каде редовно се одржуваат чествувања и се положува цвеќе во знак на почит кон еден од најголемите македонски револуционери.
Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани.









