100% ЗГОЛЕМЕН ИНТЕРЕСОТ ЗА УПИС ВО ЕКОНОМСКО – ПРИЛЕП

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп, продолжува да ги шири можностите за учениците  со визија за практично, модерно и интернационално образование.

Оваа година ЕКОНОМСКОТО со своите струки и профили стана  БРОЈ ЕДЕН за упис на деветтоодделенците. „Во првиот уписен рок бројот на пријавени ученици е зголемен 100%!“  информираат од СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп.

И, ова не е случајност – ова е доказ дека сè повеќе ученици го препознаваат патот кон сигурна и стабилна иднина. Младите одлучија дека сакаат образование што носи вредност, знаење што се применува и професии што нудат многу можности.

Економската и правната струка, заедно со дигиталниот маркетинг, претставуваат основни и трајни потреби на секое современо општество. Овие професии не се резултат на моментален тренд или краткотрајна побарувачка на пазарот на труд, туку се суштински за стабилноста, функционалноста и развојот на државата, институциите и приватниот сектор. Тоа се модерни и динамични професии кои се бараат денес, утре и секогаш.

Економистите се клучни во анализа на пазарите, креирање економски политики и управување со финансиски ресурси.

Бизнис администраторите и правниците обезбедуваат правна сигурност, заштита на правата и ефикасно функционирање на правниот систем во секоја организација, што е неопходно за секое демократско и уредено општество.

Истовремено, дигиталниот маркетинг стана незаменлив во денешната дигитализирана ера. Тој овозможува комуникација меѓу компаниите и потрошувачите, градење на брендови и поттикнување економски активности преку дигитални канали. Со постојаното развивање на технологијата, улогата на дигиталните маркетери станува сè поважна.

Затоа, овие три области – економија, право и дигитален маркетинг – се од траен стратешки интерес и нивната важност само ќе расте со текот на времето. Тие се двигатели на напредокот и клучни алатки за градење конкурентно, праведно и просперитетно општество.

Затоа оваа година интересот за упис во СОЕПТУ “Кузман Јосифоски-Питу“ – Прилеп се зголеми за 100%  повеќе од лани.

Пријавувањето беше електронски и се спроведува преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, каде учениците се најавуваат со сопствените кориснички сметки на schools.mk.

Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 и 19 јуни, а конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025.

Второто електронско пријавување во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025, доставувањето на документите на 1 јули и објавувањето на конечната ранг-листа и слободните места на 2 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот рок, според објавениот конкурс, ќе се врши на 21 август 2025.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кривични пријави за недозволено поседување оружје и пиротехника

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против 51-годишната Д.Г. од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 15.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во викенд куќа во прилепско, која ја користела пријавената, при што биле пронајдени и одземени...

Јавен повик на Општина Прилеп за членови на Локалното собрание на млади

Општина Прилеп објави јавен повик за предлагање на кандидати за членови на Локалното собрание на млади, со цел активно вклучување на младите во локалните политики и донесување одлуки што го засегаат животот на младинската популација. Повикот е распишан врз основа на одредби од Статутот на Општина Прилеп и Законот за младинско...

РАДИО ПЕЛА ЗАКИТИ СО ПРИЗНАНИЈА 13 ВЕЛИЧЕСТВЕНИ ПРИЛЕПЧАНИ

Прилеп уште еднаш докажа и потврдие дака има што да понуди – вредни, креативни, посветени, иновативни, посебни, одговорни и храбри луѓе, за кои вреди да се пишува и да се дел од новинарскиот бележник за нивните дела да останат во архивата на прилепската историја. По 7ми пат, Радио Пела (Радио...