📢Во тек 5 јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост.

Првиот јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектар, додека пак другите четири се однесуваат за доставување понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари за различни региони и катастарски општини.

Понудите се поднесуваат во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик во дневните весници кои се издаваат во Република Македонија, до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Јавните повици се објавени и на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Заврши Пивофест 2025-Тајзи: Вечерва е доказ дека Македонците си ги сакаат македонските артисти!

Настапот на Тајзи вечерва, на  третата и последна вечер на Пиво фестивалот во Прилеп,  навистина беше сведочење дека покрај сите тешки услови, македонските артисти не само што создаваат одлична современа музика, туку и беспрекорно владеат со сцената, срдечно се однесуваат со обожавателите и имаат респект кон своите колеги. Буквално, како...

Прилеп – Тепачки и физички напади во раните утрински часови

Денеска (20.07.) во 04.00 часот во Прилеп, на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.С. од Прилеп бидејќи истиот го нарушувал јавниот ред и мир. По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветен поднесок . Во 03.00 часот во ОВР Прилеп Р.К.од Прилеп...

Мajко стигнав…Уште малку сила ми остана, ама срцето е полно! -Прилепчанецот Пандовски истрча до Острог за болните од рак!

  Антонио Пандовски е млад повек по потекло од Прилеп, кој 18 дена трчаше за да стигне до манастирот Острог, во Црна Гора. Тој во јануари годинава во интервју за Радио Пела  детално ги образложи причините за овој подвиг барајќи поддршка за донации кои ќе бидат наменети за децата болни...