Со музика, забава, подароци, смеа и дружба денеска започна првата Прилепска празнична приказна. Манифестацијата стартуваше во 11 часот на уредениот и адаптиран простор на плоштадот Методија Андонов Ченто каде има поставено 7 дрвени украсени куќарки (симболична бројка за 7 децении од постоењето на Витаминка) на кои има храна и топли напитоци, избор од рачни изработки, податоци…
За најмладите тука се Диџеј Божиќно дрво и маскоти, новогодишно мече и џуџе, а во текот на вечерта настапуваат и групата Д Хаундс.
Утре на вториот ден продолжува програмата во исто темпо со многу забава, дружење и музика. Вечерта ќе настапи Битолскиот камерен оркестар Дива









