🎁Протектор полиса за животно осигурување може да биде и подарок🎁

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Секоја е нова година е почеток на нови предизвици. Но при правењето на избор за одредени решенија најважна е довербата стекната низ искуството за одредена услуга или производ.  Како да се направи вистинскиот избор за намалување на ризиците кои животот може да ги донесе? 

Протектор Друштво за застапување во осигурувањето Прилеп нуди повеќе можности. На располагање се полиси за животно и имотно осигурување. За понудата и новините за животно осигурување разговаравме со Лина Димоска, застапник на Протектор и осигурителен брокер.

Полисата за животно осигурување Протектор истоимена со компанијата би ја препорачале како идеален подарок на саканата личност на сопругата, на сопругот, и при тоа да се знае дека оваа полиса претставува изразување на вистинска грижа кон нашиот партнер и едно долгорочно згрижување на партнерот и на нашето семејство. Протектор полисата е екслузивна понуда бидејќи ја има само кај нас во соработка со Винер Лајв. Тоа значи дека само Протектор го има правото за склучување на оваа полиса која е најбараниот производ во нашето Друштво за застапување. Дизајнирана е со препорака и како резултат на долгогодишното искуство на сопственикот на Протектор АД – Новица Мушиќ, во соработка со стручни лица од Австрија од Винер Лајв АД и веднаш потоа по основањето на Протектор Друштво за застапување во осигурувањето Прилеп е дадена на користење во Македонија од 2021 година“, меѓу другото вели Лина Димоска:

Протектор полисата за животно осигурување е екслузивно дизајнирана и во соработка со Винер Лајв АД – компанија за овој тип на осигурување со над 200 години искуство и доверба. 
Преку осигурената сума се добива покритие од 21 тешка болест: срцев удар, мозочен удар, Алцхајмерова болест, Паркинсонова болест, разни видови на канцери и се добива трајна туѓа нега.
Со полисата Протектор се добива покритие за две деца на осигуреникот кои се заштитени од ризици од 21 тешка болест кај дете од 3 до 18 години;
Дополнително во полисата може да се вклучат заштита од плус ризични операции , како и осигурување во случај на инвалидитет и болнички надомест.
Осигуреникот избира колку пари ќе вложува – од 250 до 3 000 евра. На колкав временски период: најмалку 10 години, а најмногу до навршување на 70 години старост на осигуреникот.
Може да се вклучи сегментот на индексација што значи на некој начин заштита од инфлација на осигурената сума – капиталот кој што се акумулира во текот на периодот кој што е предмет на осигурување.

Повеќе информации на порталот https://protector.mk/ или побарајте ги Протектор АД на Фејсбук, на тел: 073-555-006 или на новата локација кај Чумовчанец на ул. „Сотка Ѓорѓиоски“ бр. 38 Прилеп.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

(ВИДЕО)Ден на тутунските работници: треба правична, транспарентна и одржлива рамка за тутунопроизводството

Организацијата која повеќе децении беше легитимен претставник на тутунопроизводителите – Сојузот на здруженија на тутунопроизводители денеска со собир на претставниците од 15 те здруженија членки на Сојузот, го одбележа Денот на тутунските работници – 4 ти април во Прилеп.  Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Република Македонија постои од 1953...

„Недела на пешаците“ – едукација за учесниците во сообраќајот

Авто Контрол активно се вклучи во реализација на едукативна активност насочена кон подигнување на свеста за безбедноста на пешаците. Активноста е во рамките на националната кампања „Недела на пешаците“, иницирана од РСБСП, а во организација на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот во Прилеп. Традиционално и овој настан беше во...

Деведесет години од смртта на Леонхард Мазинг – авторот на првата докторска дисертација за македонскиот јазик

На денешен ден, 4 април 1936 година, пред 90 години, во Тарту, Естонија од овоземскиот свет засекогаш замина Леонхард Готхилф Мазинг, авторот на првата докторска дисертација за посебноста на македонскиот јазик. Но неговото име никогаш нема да изчезне додека на планетава живее и последниот Македонец. Интересот за македонскиот јазик се...