❗Блокадите на Спас за Прилеп кон Оревоец продолжуваат ❗

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По обидот да влезат камиони на „Бехтел и Енка“ во стариот коп кај Оревоец, од вчера среда 22 октомври нови секојдневни блокади на патот кон селото од раскрсницата од Прилеп кон Плетвар се активни од жителите на околните села и и активисти на Спас за Прилеп.

Утрово во 07:00ч. жителите на село Оревоец – Прилеп, на раскрсницата за село Плетвар, за нивно чудо после 9 месеци повторно наидоа на неколку камиони и службени возила на Бехтел и Енка со придружба на БРОЈНА ПОЛИЦИЈА. Со силно полициско обезбедување се обидоа да влезат на стариот коп кој го отпочнаа во февруари 2024 година, од каде беа избркани после ТЕШКА ДЕВЕТ МЕСЕЧНА БЛОКАДА на патот, кој води кон планината кај копот од страна на граѓаните на град Прилеп. Со овој потег прилепчани покажаа како се брани својата земја и како човечката упорност дава резултати. Со оваа добиена битка покажаа дека СИЛАТА Е ВО НАРОДОТ и за судбината на своите домови, планини, воздух, реки, извори за вода ОДЛУЧУВА НАРОДОТ без разлика на тоа кој какви печати, одобренија и потписи раздал за истото. После добиената битка, утрово повторен напад од државата и Бехтел и Енка врз Прилеп за отворање на нови рудници за мермер Војната продолжува – покажа државата… и нека. Народот повторно се организира и ќе застане на линијата за одбрана. Само 2 дена по локалните избори државата си зема за право да прави бесправни и погубни потези за град Прилеп, но и овој пат народот ќе покаже дека за својата судбина ќе одлучуваат само граѓаните и никој друг! РУДНИЦИ НЕМА ДА ИМА! НИЕ СМЕ МНОГУ, ТИЕ СЕ МАЛКУ!!!, велат од Спас за Прилеп

Од денеска четврток, 23 ти октомври блокадите продолжуваат од 7 часот со цел да се стопираат камионите да влезат за ископ. Известувањето за блокадите до ОВР Прилеп   уредно доставено и важи секој ден од 7 до 17 часот:

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепските бакали ќе го прослават својот патрон “Св. Три Светители“.

Утре,четврток, на денот посветен на Светите Три Ерарси, а воедно и патрон на еснафот на Прилепските бакали, во храмот Св.Благовештение – Прилеп, ќе се одржи Света Божествена Архиерејска литиргуја. Со  света архиерејска литургија ќе богослужи и ќе чиноначалствува високопреосвештен Митрополит Петар, во сослужение на преосвештените Епископи Климент и Никола со...

Земјотрес во Северозападна Македонија

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала вечерва во 10:05 часот се почуствувал во Северозападна Македонија. Епицентарот, според информациите, бил на 15-тина километри северно од Тетово, во општината Теарце. Жителите на градот и околината пишуваат на социјалните мрежи  дека таму земјотресот се почувствувал како многу силно тресење, што...

Општина Прилеп се огласи за ПОБЕДА: Нема да дозволиме буџетските средства од граѓаните да завршат за покривање на ненаменски долгови

По денешното соопштение од ФК Победа дека поради катастрофалната финансиска состојба клубот се повлекува од натпревари во Втората македонска лига и повеќегодишната инволвираност на Општина Прилеп во финанската помош и барање спас за клубот, како и најавата за исплата на 1 000 000 денари еднократна парична помош која не се...