‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите 50 бизнис идеи во натпреварот „Милионер средношколец“ во организација на Brainster Next College – практичен факултет за дизајн и ИТ  и NU High School Academy – академија за талентирани средношколци.

Ова е линкот за јавното гласање: https://idea-hunt-startup.lovable.app/vote/327624fc-58b1-43b8-ba54-ea0cafb426a0

Нивната бизнис идеја е апликација – виртуелен туристички водич за секој град кој ги прикажува автентичните места со мапа за посета, културно – историски локации, приказни и гастрономски вкусови. Апликацијата користи вештачка интелигенција и има можност да се надоградува и збогатува со локалните мали бизниси за организирање на туристички посети.

 

„ Со оваа апликација, туристите ќе добијат пристап до автентични приказни и историски факти што се пренесуваат од колено на колено преку локалците. Уште еден проблем е тоа што туристот кога пребарува општи податоци за градот добива многу спонзорирани препораки кои не му одговараат. Нашето решение им помага на луѓето преку платформа каде локалците можат да креираат и споделуваат сопствени тури со фотографии, мапи и описи на знаменитости. Апликацијата ќе има и премиум функција со 360° приказ за да се види како изгледале локациите во минатото, како и можност за вистински лиценцирани туристички водичи да објавуваат и продаваат свои тури директно преку платформата. Решение на вториот проблем ќе има AI чат бот со кој корисникот ќе може да комуницира и добива препораки по негови барања. Бизнис моделот е базиран на премиум услуга за корисниците и процентуална провизија од секоја продадена тура поставена од лиценцираните водичи. Со проширување на платформата на повеќе земји и градови, Local Lands ќе може да расте глобално и да стане водечка платформа за локални туристички искуства ширум светот,“ стои во објаснувањето за оваа уникатна бизнис старт ап идеја.

По пријавувањето во првата рунда од 1 до 26 октомври на сите заинтересирани средношколци селектирани се 50 победнички идеи кои продолжуваат во следната рунда на јавно гласање во периодот од 3-ти до 16 ноември. Оние 20 со најмногу гласови ќе добиваат бесплатна подготовка со ментори за последните две рунди. Третата рунда е закажана за 29 ноември кога во просториите на академијата НУ и колеџот Некст, 20-те полуфиналисти ќе ја презентираат својата идеја во времетраење од 90 секунди пред група инвеститори кои ќе ги одберат најдобрите 10 што ќе продлжат во следната рунда. Потоа следува финалето или големото завршно натпреварување кое ќе се одржи на 30 ноември во просториите на академијата НУ и колеџот Некст каде финалистите ќе презентираат по пет минути пред група инвеститори кои ќе ја одберат победничката бизнис идеја што ќе ги освои предвидените 1.000.000 денари .

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Удар за Прилеп и македонскиот спорт – ФК Победа прекинува со натпреварување

Македонската Втора лига останува со еден клуб помалку. Победа објави дека поради финансиски проблеми се повлекува од понатамошно натпреварување. Еден од најкултните македонски фудбалски брендови, ФК Победа од Прилеп, повеќе не постои на натпреварувачката мапа. Преку официјално соопштение до јавноста, денеска клубот  потврди дека сениорската екипа ја напушта Втората македонска...

Уште колку автомобили ќе претрпат штета кај Металец пред да реагираат службите?

Дел од улицата „Александар Македонски“ од некогашен Металец до Комфи Ангел се претвори во хорор патешествие за возачите. Околу 200 метри кои што лежат под вода кријат опасни ударни дупки што не можат да ги избегнат возачите бидејќи и во двете насоки има големи длабоки оштетувања на асфалтот кои што...

НТ “Војдан Чернодрински“ слави 76 години постоење со богата театарска програма

Прилепскиот, народен театар „Војдан Чернодрински“,  Прилеп одбелжува 76 години од своето основање и за својот роденден му понуди на љубителите на театарот богата четиридневна театрска програма, која започнува од 16 до 19 февруари . ќе ја одбележи 76-годишнината од своето.  Театарска престави ќе се играа во ЦК Марко Цепенков,  на...