занас

Радио Пела, Радио Кочани и Техт Мк, или Горде, Иле и Наташа после повеќе години повторно се споија и ќе се обидат да го пратат објективното, квалитетното и професионалното истражувачко новинарство. Со поддршка на на Програмата #Sustain Media, кофинансиран од Европската унија и германската влада, имплементиран од ГИЗ, ДВ Академија и Интерњүз Проектот има за цел да го подигне стандардот на истражувачкото новинарство и да ги засили различните заедници преку онлајн платформа што е посветена на нивните специфични интереси. Преку обединување на ресурсите и експертизата што ја имаме, ова партнерство нуди целосна, разновидна и исплатлива покриеност на целата територија на државата. Следете не...