🚗АВТО КОНТРОЛ во нова зимска акција со погодности за возачите🚙

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Авто Контрол Станица за технички преглед тргнува во нова зимска акција во мисијата за побезбеден сообраќај. Од 2.12.2025 до 15.03.2026 и оваа година Авто Контрол, во соработка со Уни Ројал Компани, ја стартува зимската акција со погодности за сите возачи со доделување на ваучер од 1.000 денари за набавка на зимски гуми при регистрација на возило во Авто Контрол.
Доделувањето на ваучерите започнува од 02.12.2025 и ќе трае до 15.03.2026.
Клиентите во Уни Ројал Компани кои ќе ги искористат нивните услуги добиваат ваучер од 1000 денари за технички преглед при регистрација на своето возилото во Авто Контрол.

Целта на оваа заедничка превентивна акција е подигнување на свеста за важноста од соодветна зимска опрема и редовна техничка исправност на возилата, велат од Авто Контрол Станица за технички преглед Прилеп, бидејќи безбедноста не е опција туку обврска на секој возач.

Авто Контрол – Ваш сигурен партнер во сообраќајот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

🎄Прилепската празнична приказна започнува на 24 декември✨

Еднонеделна богата програма за последните 8 денови од 2025 та е планирана да се реализира во центарот на Прилеп на плоштадот Методија Андонов Ченто. Градот го очекува новогодишен базар исполнет со разновидна секојдневна културно музичка програма, и изненадувања во центарот на градот, најави градоначалникот Дејан Проданоски: Прилепската празнична приказна оваа...

Две сообраќајки во еден ден на прилепските улици, жена и малолетник се тешко повредени

Две сообраќајки во еден ден на прилепските улици кои завршија со тешки телесни повреди. Еден од повредените е малолетник кој управувал со мопед: „На 15.12.2025 во 13:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул.„Прилепски Бранители“ со ул.„Тризла“ во Прилеп, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки,...

❗(ВИДЕО)Половина од реколтата откупена – за новата се бараат законски измени ❗

Актуелната реколта ориентален ароматичен тутун половината од е веќе откупена. Заклучно со 15 ти декември – последниот законски рок за старт на откупот, од кооперантите преземени се 11 370 000 кгр тутун, што според претставниците на тутунопроизводителите – Сојузот на тутунски здруженија е блиску до половина од предвидените 24 000...