Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во моментов активни се шест пожари, а под контрола е еден. Во текот на вчерашниот ден имало вкупно 34 пожари, а изгаснати се 27.
Активен е пожарот во Мариово каде гори нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума.
Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален – с.Дуње – с.Бонче – с.Крушевица – с.Волково – с.Штавица – с.Прилепец-с.Чумово-с.Селце. Активни се краците према с.Крушевица, с.Чумово, с.Селце и према м.в. Чуле на Селечка Планина. (нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума);
Општинскиот кризен штаб е во постојана координација, претпладнево се очекува информација за натамошните чекори вза справување со огнената стихија.
Во регионов активен е пожарот кај селото Десово, Општина Долнени, каде гори сува трева и мешана шума, додека под контрола е пожарот на депонијата кај Крушево.
Пожар има и на планината Мукос во Чашка.