❤️Со љубов за Никодим – хуманитарен настан❤️

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со љубов за Никодим е хуманитарен настан кој го организираат неколку ентузијасти од Прилеп и Битола. На 15.10 вторник со почеток од 19 часот во клуб Калинка ќе се одржи овој хуманитарен настан на кој што ќе настапат: Sioto Jazz , The Dreamers , The Hounds и Banda Band .
Сите кои сакаат да помогнат на малиот Никодим  да му се направи потребната операција во странство можат да дојдат, да бидат хумани со донации и да уживаат!
Картите се во продажба по цена од 150 денари секој ден од 10 до 13 часот и од 16 до 19 часот на билетарата на Дом на култура Марко Цепенков и во веге бар и ресторан Аура (во работното време на ресторанот).
https://www.facebook.com/share/S7Bzi7GPLd6ZWrvR/
 НИКОДИМ ИМА САМО  3,5 години, ИМА ТУМОР НА ГЛАВАТА И ХИДРОЦЕФАЛУС ЗА КОЈ ПОТРЕБНА ИТНА ОПЕРАЦИЈА  ВО ТУРЦИЈА.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

📢Во тек 5 јавни повици за закуп на државно земјоделско земјиште

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави пет јавни повици за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост. Првиот јавен повик се однесува за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектар, додека пак другите четири...

Денеска е прв ден, почеток!

Првиот ден од Новата година: почеток на надежи и ветувања. Денеска е прв ден, почеток! Првиот ден од Новата година доаѓа како празно платно, како нова страница на книгата наречена живот. Денес улиците се потивки од вообичаено, а воздухот носи чувство на исчекување – повик за подобри времиња што допрва...

Првото бебе во Прилеп во новата година е девојче

Првото роденот бебе во Прилеп во  новата 2025 година е женско. По неполни шест часа од Новата година. Рано утрово, на првиот ден од новата година , во прилепската болница се роди малата Стефани, која е и првиот нов жител на Прилеп, и прва рожба на 22-годишна мајка Ангела Јанеска....