‼️Да гласаме -„Прилепчанчина“ имаат голема шанса за освојување МИЛИОНЧЕ‼️

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Четиричлена екипа ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ има голема шанса да освојат награда од 1 милион денари. Тимот на „Прилепчанчина“ составен  од Иринеј Трајкоски, Антонио Христоски, Христијан Трајкоски и Даријан Мицкоски, сите ученици од СОУ „Ристе Ристески Ричко“ со својата идеја Локал Лендс (Local Lands) се пласираше во првите 50 бизнис идеи во натпреварот „Милионер средношколец“ во организација на Brainster Next College – практичен факултет за дизајн и ИТ  и NU High School Academy – академија за талентирани средношколци.

Ова е линкот за јавното гласање: https://idea-hunt-startup.lovable.app/vote/327624fc-58b1-43b8-ba54-ea0cafb426a0

Нивната бизнис идеја е апликација – виртуелен туристички водич за секој град кој ги прикажува автентичните места со мапа за посета, културно – историски локации, приказни и гастрономски вкусови. Апликацијата користи вештачка интелигенција и има можност да се надоградува и збогатува со локалните мали бизниси за организирање на туристички посети.

 

„ Со оваа апликација, туристите ќе добијат пристап до автентични приказни и историски факти што се пренесуваат од колено на колено преку локалците. Уште еден проблем е тоа што туристот кога пребарува општи податоци за градот добива многу спонзорирани препораки кои не му одговараат. Нашето решение им помага на луѓето преку платформа каде локалците можат да креираат и споделуваат сопствени тури со фотографии, мапи и описи на знаменитости. Апликацијата ќе има и премиум функција со 360° приказ за да се види како изгледале локациите во минатото, како и можност за вистински лиценцирани туристички водичи да објавуваат и продаваат свои тури директно преку платформата. Решение на вториот проблем ќе има AI чат бот со кој корисникот ќе може да комуницира и добива препораки по негови барања. Бизнис моделот е базиран на премиум услуга за корисниците и процентуална провизија од секоја продадена тура поставена од лиценцираните водичи. Со проширување на платформата на повеќе земји и градови, Local Lands ќе може да расте глобално и да стане водечка платформа за локални туристички искуства ширум светот,“ стои во објаснувањето за оваа уникатна бизнис старт ап идеја.

По пријавувањето во првата рунда од 1 до 26 октомври на сите заинтересирани средношколци селектирани се 50 победнички идеи кои продолжуваат во следната рунда на јавно гласање во периодот од 3-ти до 16 ноември. Оние 20 со најмногу гласови ќе добиваат бесплатна подготовка со ментори за последните две рунди. Третата рунда е закажана за 29 ноември кога во просториите на академијата НУ и колеџот Некст, 20-те полуфиналисти ќе ја презентираат својата идеја во времетраење од 90 секунди пред група инвеститори кои ќе ги одберат најдобрите 10 што ќе продлжат во следната рунда. Потоа следува финалето или големото завршно натпреварување кое ќе се одржи на 30 ноември во просториите на академијата НУ и колеџот Некст каде финалистите ќе презентираат по пет минути пред група инвеститори кои ќе ја одберат победничката бизнис идеја што ќе ги освои предвидените 1.000.000 денари .

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Пожарот на депонијата Алинци под контрола, засилена сообраќајна контрола на патниот правец Прилеп – Битола

Пожарот на депонијата Алинци кој избувна околу 14 часот попладнево, е ставен под контрола од екипите на ТППЕ Прилеп, јавните комунални претпријатија и општествено одговорни компании, информираат од Општина Прилеп. Доцна попладнево заседавал и Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој биле утврдени насоките за понатамошно делување на сите...

Гори депонијата Алинци, надлежните на терен

Попладнево повторно густ црн чад на депонијата Алинци. Екипи на ТППЕ Прилеп, од јавните комунални претпријатија и општествено одговорни компании веќе се на терен за справување со пожарот. Градоначалникот Проданоски при увидот истакна дека градската депонија е дива и дека ваквите пожари се повторуваат. Трајно решение е изградба на регионалната...

(ВИДЕО) Младински центар – приоритет на младите во Прилеп

Младите во Прилеп го формираа второто Локално собрание на млади – денеска се одржа неговата прва конститутивната седница во новиот состав. Локалното собрание брои 24 делегати и нивни заменици од петте средни училишта, од подмладокот на политичките партии застапени во општинскиот Совет и од невладиниот сектор. На денешната конститутивна седница...